ПРВА МАКЕДОНСКА ЛИГА: Продолжува трката за врвот во двете натпреварувачки групи
Дербито е во Гостивар, гостува скопски Вардар, Феникс 2010 ќе ја брани лидерската позиција во групата А против ИБА Скопје

На програмата се седум средби, распределени во двете групи, во кои водечките екипи ќе се обидат да ја задржат својата позиција, а останатите да направат чекор напред на табелата.
Во Групата А, Феникс 2010 е единствената екипа со максимален ефект по пет одиграни кола (5-0) и ќе ја брани лидерската позиција во дуелот со ИБА Скопје, која има три победи и два порази. Скопјани се наоѓаат во горниот дел од табелата, па оваа средба носи дополнителна важност за двете екипи.
Второпласираниот Водно Санс, со скор 4-1, гостува кај Младинец, кој сè уште ја бара првата победа во сезоната. Мега баскет, исто така со четири победи и еден пораз, ќе се обиде да го задржи чекорот со водечките на гостувањето кај Борец баскет.